Струмичанец превезувал 9 мигранти

Од:

Триесет и шестгодишен струмичанец Т.Д во своето возило „фолксваген шаран“ нелегално превезувал девет странски државјани.

На струмичанецот полициските службеници му дале знак да застане на магистралниот пат Штип – Свети Николе, на м.в. „Криви Дол“, но возилото продолжило да се движи.

На оддалеченост од околу два километри било забележаното како стои парикирано, а од истото излегувале непознати лица кои се обиделе да избегаат.

-Се работи за девет странски државјани, кои не поседуваат документи за идентификација, а од извршениот разговор со истите е дознаено дека откако нелегално влегле во Република Македонија, потоа биле преземени од Т.Д. кој за надомест од 20 евра од лице требало да ги пренесе до Велес, а потоа да заминат нелегално во Р Србија- информираат од Министерството за внатрешни работи.

По документирање на случајот против струмичанецот ќе биде поднесена соодветна пријава, додека странските државјани се предадени во Прифатниот центар за странци во Скопје.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски