Струмица, Сарај, Теарце и Град Скопје повторно да конкурираат за пари од унгарскиот кредит, Мицкоски вели да поднесат нови или подобри проекти

Од:

На вчерашната владина седница беа потврдени повеќе од 270 проекти кои се во речиси сите општини, потврди премиерот Христијан Мицкоски за време на денешната посета на Општина Брвеница.

Во изјава за медиумите, Мицкоски посочи дека на следната владина седница ќе има мало продолжување на рокот за општините кои треба да ја комплетираат проектната документација.

– Потврдени се повеќе од 270 проекти кои се во речиси сите општини. Ова не се проекти во кои што градоначалници се од ВМРО-ДПМНЕ или владината коалиција, туку и градоначалници што доаѓаат од СДСМ, ДУИ или независни градоначалници, затоа што ние се бориме за секој милиметар квадратен на целата територија на државата, секое парче земја ни е важно и секаде сакаме да инвестираме. Очекувам следната недела договорите да бидат потпишани и да почне спроведувањето на оваа историска реализација на проекти за кои ќе се вложат повеќе од 4 милијарди денари. На следната владина седница ќе има мало продолжување на рокот бидејќи во проектите на некои од општините е потребно дел од документите што недостасуваат да ги обезбедат. Мислам дека рокот ќе биде разумен, до 10 или 15 ноември да ги доподнесат проектите и откако тоа формално ќе биде завршено, очекувам и тие да бидат вклучени во првиот бран. Ветената сума од 6 милијарди очекуваме до крајот на годината да биде испорачана, а веќе следната година ќе има 15 милијарди, што значи од централниот буџет кон општините ќе бидат испорачани проекти од околу 21 милијарда денари, истакна Мицкоски.

Претседателот на Владата апелира општините Струмица, Теарце и Сарај, како и Град Скопје да го искористат продолжениот рок за поднесување на нови комунални проекти.

-Општина Струмица не доби средства затоа што конкурираше со проект кој веќе е почнат и во тек со избран изведувач. Апелирам до раководството на Општина Струмица да ја искористи можноста до 15 ноември да поднесе нови проекти кои ќе можеме да ги финансираме. Средства не се доделени за Општина Теарце која поднесе проекти преку приватна е-маил адреса и затоа го повикувам градоначалникот да постапи како и сите други 79 градоначалници. Имаме некомплетна документација поднесена и од Општина Сарај, очекувам до 15 ноември тоа да биде отстрането. Станува збор за патна инфраструктура во населеното место Ласкарци и еден водовод. Градот Скопје конкурираше со некомплетни проекти, бараат автобуси, бараат средства за одржување на хигиената на улиците. Од Владата веќе имаат пренесени 600 милиони денари кои се на сметката на градот за реализација на булеварот „Хасан Приштина“, но две години ништо не е направено. Очекувам во следниот период таму да се подобрат инвестициките перформански, нагласи премиерот Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Одобрени првите кредити на компаниите од унгарскиот заем

ВИДЕО: Прво завршени преговори со ЕУ, па уставни измени, порача Мицкоски од Вашингтон

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Мицкоски: Пристапот кон ЕУ стана подвижна цел, наместо системот на заслуги постојат двојни стандарди и билатерални спорови

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Наместо европеизација на Балканот се случи балканизација на Европа- Македонија мора да добие извесност во напредокот кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Мицкоски се сретна со Кошта: Македонија да не биде заложник на билатерални спорови и препреки

СДСМ: Мицкоски подлегна на заканите од трговците и повторно ги излажа граѓаните