Струмица протестира: Нема правда, нема мир!

Од:

Денес продолжуваат протестите во Струмица за оставка на Ѓорге Иванов, против режимот на Груевски, против одлуката за аболиција и за откажување на изборите на 5 јуни.  Протестот ќе започне во 19.00 часот кај зградата на старата полиција.

„Ние, граѓанките и граѓаните кои во борбата за правда и демократија, здружени протестираме низ улиците на Македонија во име на слободата, правдата и еднаквоста, нагласуваме дека преговори во овие услови се неприфатливи.

Затоа, одлучно продолжуваме со протести и бараме:

– Итно повлекување на одлуката за аболиција на сите оние против кои се води истрага и против кои е покренато обвинение од страна на Специјалното јавно обвинителство (СЈО);

– Итна и неотповиклива оставка на Ѓорге Иванов од функцијата Претседател на Република Македонија;

– Произнесување на Уставниот суд за уставноста на СЈО;

– Формирање на специјално одделение на Кривичниот суд, кое ќе биде надлежно за случаите под јурисдикција на СЈО;

– Итно повлекување на одлуката за одржување на парламентарни избори на 5 јуни;

– Задолжително вклучување и присуство на независни претставници на граѓанското општество во процесот на решавање на кризата;

– Процесот на решавање на кризата да се одвива на територијата на Република Македонија;

– Формирање на преодна влада која докрај ќе ги имплементира итните реформски приоритети од извештајот на Прибе.

До исполнување на барањата, нашата политичка борба останува на улиците. Се гледаме на протест денес во 19:00 часот пред Стара полиција (мал парк)! Нема правда, нема мир!“, стои во повикот за протест објавен на фејсбук.

Би можело да ве интересира

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри

Протест во Тунис прерасна во судири со полицијата

Костадинов: Наводите за криминал со електричните автобуси се целосно неосновани

Четворица струмичани од камион украдоа 160 вреќи компир

Горан Наумовски

Протест против странските работници во Риека: Дојдоа 20 луѓе

Струмичанец прво се обиде да ја отруе сопругата, а потоа со нож и нанесе повреди на вратот

Горан Наумовски