Струмица повторно гори

Од:

Од утрово повторно е реактивиран пожарот во струмичко, на местото викано „Два Пата“.

Дирекцијата за заштита и спасување информира дека во гасење на пожарот од утрово во 7 и 30 часот се ангажирани два авиони. Учествуваат 10 пожарникари од Територијалната противпожарна единица и 40 работници на подрачното Шумско стопанство.

Минатата недела струмичкиот пожар, кој беше подметнат од девојка, зема две жртви. Двајца браќа, починаа од изгорениците на 90 отсто од телото со кои се здобија во обид да се справат со огнената стихија. Повредени се уште 12 лица, а вчера колабираше и еден пожарникар.

Пожарот уништи и 200 хектари борова шума.

Би можело да ве интересира

Нема повредени при запалените куќи на Бит-пазар, полицајци сѐ уште присутни на лице место

Нов сомнеж за саботажа во Германија: Изгореа три градежни возила на градилиште на Рајнметал

Предраг Петровиќ

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

(ФОТО) Татко и син живи ќе изгореа во пожар во куќа во Белград – спасени во последен момент

А1он

(ВИДЕО) Пожар во воена база во Канада, има жртви

(ВИДЕО) Пожар во Калифорнија зафати 465 хектари – издадена е наредба за итна евакуација