Стручната јавност со отворено писмо до Заев: Спасете го просторот кај Холидеј Ин

Од:

Преку отворено писмо до премиерот Зоран Заев, неколку невладини организации и граѓани бараат да го спречи градењето на висококатници на паркингот кај Холидеј Ин.

„Бараме од Вас јавно да покажете дека не го поддржувате финалното уништување на главниот град со реализација на лоши планови“, велат потписниците на отвореното писмо, бидејќи како што наведуваат „Оваа локација заслужува отворен архитектонски конкурс и максимално инклузивен процес во донесувањето на планот“.

Според нив ова е ултимативна шанса за Скопје која мора да се искористи во име на граѓаните, а не во интерес на инвеститорите.

„Со молчењето на Владата и покрај бројните реакции на јавноста, се создава впечаток дека не се почитува интересот на граѓаните, ниту пак стручното мислење зошто овој ДУП не смее да се извршува. Државната комисија за спречување на корупцијата отвори постапка за утврдување на ризици за склучување на коруптивни договори при јавни набавки за изработка и ревизија на ДУП-овите во Општина Центар“, се наведува во барањето.

Тие бараат Владата да ја поддржи суспензијата од Општина Центар за ревидирање на ДУП ЦО8, како и сите други ДУП-ови кои со стручна анализа се докажани како неусогласени со ГУП, а со тоа погубни за центарот на Скопје и за граѓаните.

Како потписници на овореното писмо се јавуваат неколку архитекти, како и невладини кои и во минатото се спротивставуваа на дополнителното урбанизирање на Скопје, како што се Здравје пред профит во Центар, О2 ИНИЦИЈАТИВА, Движење на екологисти на Македонија и други.

Би можело да ве интересира

Николоски предлага со специјални закони да се забрани градењето во Центар и Карпош

Катерина Ѓуровски

Вандализмот на детско игралиште и поплаките за прегласна музика ја „размрдаа“ полицијата во Центар

Катерина Ѓуровски

Општина Центар со помош на полицијата ќе се справува со прегласната музика од ноќните клубови

Герасимовски: Ја украсивме општина Центар, граѓаните имаат потреба од позитивна атмосфера

A1on

Општина Центар со препорака до угостителските и јавните објекти во следните два дена да ја прилагодат музиката

Казни од 13.000 евра за Интермецо и за Мош за прегласна музика

Катерина Ѓуровски