Целта на ова дебата е да се дебатира за поинаква можна поставеност на Судскиот Совет согласно добрите практики и потребите на РМ, притоа имајќи ги предвид досегашните забелешки на стручната и научна јавност особено забелешките кои произлегуваат од судската фела-искажани на повеќе дискусиони форуми во форма на заклучоци организирани од страна на Здружението за судии, како и забелешките од двата извештани на Прибе, заклучоците на Венецијанската комисија при советот на Европа и последниот извештај на Европската комисија за напредокот на РМ.
Министерот Салији истакна дека обврската на Министерството за правда е во делот на правосудството да продолжат со реформите, согласно забелешките дадени од страна на нашите европски партнери. Токму и затоа беше изработена и усвоена Националната стратегија за реформа на правосудниот сектор во која значително внимание посветува токму функционирањето и поставеноста на Судскиот совет.
Министерот Салији кажа дека Владата на РМ е целосно посветена на Евро Атлантската интеграција на нашата држава и со таа цел го донесе Планот 3-6-9.
Во рамките на тој план Министерството за правда го изработи и Законот за изменување и дополнување на законот за судскиот совет на РМ и Законот за изменување и дополнување на законот за судовите.