Стражарски служби се грижат за безбедноста и мирот на граѓаните во Центар

Од:

Oпштина Центар гради и реконструира нови детски игралишта, паркови, поставува зеленило и урбана опрема.

Поради намерното уништување од несовесни граѓани, особено во вечерните часови, граѓаните на средби со градоначалникот Андреј Жерновски побараа да се сочува сето ова, но пред се’ да се заштити безбедноста и мирот на децата и жителите.

Во рамките на проектот „Го чуваме нашиот Центар“ поставени се стражарски брендирани куќички на седум локации на територијата на општината, и тоа пет во Градски ѕид, една во Капиштец и една во Пролет.

Чуварите, кои имаат опрема со логото на акцијата, се на располагање на граѓаните секој ден од 18:00 до 02:00 часот, соопштуваат од општина Центар.

Нивни задолженија се:

-заштита на зеленилото во реонот
– заштита на урбаната опрема и инвентарот
– грижа за безбедноста.

Општина Центар ги повикува жителите да соработуваат со лиценцираните стражарски служби за заедничко добро на сите граѓани и општината.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Во центар сигурно победуваме

Починат маж е пронајден во стан во Скопје, истрагата е во тек

Утре во „Матично“ трибина на Либералниот Институт за законски измени за заштита и посигурна иднина на животните

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски