Страв и неизвесност на жителите над хотелот Тасино Чешмиче

Од:

Од 2003-та година трае голготата и стравот на жителите на куќите кои се наоѓаат над хотелот Тасино Чешмиче на Водно. Состојбата секојдневно се влошува.

Во месец април, голем одрон на земјиштето ги исплаши граѓаните кои помислиле дека е земјотрес и дека куќата им се урива и оди надолу, по падините на Водно. Тогаш, градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, веднаш излезе на терен и разговараше со сопствениците на куќите. Тие на вчерашната средба на градоначалникот на општина Центар со граѓаните истакнаа дека поткопот е зголемен за дополнителни 1.5 метри.

Sliki - vodno (5)

Сопственикот и инвеститор на хотелскиот комплекс Тасино Чешмиче со години се оглушува на решенијата и одлуките да ја прекине градбата бидејќи во брдото, без одобрение, направил широк ископ кој ја загрозува безбедноста и стабилноста на земјиштето, велат од општина Центар.

“Не можеме да спиеме од страв. Ако паднат жртви – џабе е се’. Сопственикот на хотелот не’ навредува дека сме биле “комуњари“ и ни’ се заканува дека сите “ќе паднете“. Тој не ги почитува решенијата на надлежните“, вака му се пожали еден од жителите на градоначалникот Жерновски.

Сопственикот на хотелот има направено шест гаражи кои се дивоградби и општината ќе бара асистенција од полицијата за да се отстранат. Се разгледува и законската можност за поднесување на кривична пријава за дива градба.
На ваквото однесување мора да се стави крај, вели градоначалникот Андреј Жерновски. Потенцира дека највиновни се претходните општински раководства кои издале дозволи за градба.

Од општината посочуваат дека и други околни куќи се жалат на тоа дека Водно станува се’ по-нестабилно и дека постои опасност од лизгање на земјиштето на Водно поради веќе издадените дозволи за градење огромни зданија на самата планина.

Podnesok - Vodno 1

Podnesok - Vodno 2

Podnesok - Vodno 3

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски