Стратегијата за проширување на ЕУ во фокусот на средбата Димитров-Хан

Од:

Денеска, 26 јануари 2018 год., на последниот ден од 48-от Светски економски форум во Давос, министерот за надворешни работи Никола Димитров оствари средба со еврокомесарот Јоханес Хан. Во фокусот на средбата беше претстојната Стратегија за проширување на ЕУ, при што МНР Димитров ги повтори очекувањата дека истата соодветно ќе го рефлектира напредокот на Република Македонија во реформските процеси и добрососедските односи, со што ќе донесе дополнителен поттик за реализирање на реална и достижна европска перспектива. Дополнително, беа дискутирани и следните чекори неопходни за исполнување на критериумите за интегрирање на Република Македонија во Унијата, како и за заедничката европска иднина на сите земји од Регионот.

На маргините на Форумот, во разговор со бугарскиот премиер Бојко Борисов и со поранешниот британски премиер Тони Блер, меѓу другото, стана збор и за европската иднина на нашата земја, како и за конкретните мерки во насока на подобрување на патната и железничката инфраструктура по Коридорот 8. Во оваа прилика од страна на МНР Димитров беше нагласено очекувањето кандидатскиот статус на Република Македонија во ЕУ (стекнат во 2005 година токму за време на британското претседателство со Унијата) да се ефектуира што е можно поскоро, со одлука за почеток на преговори за членство.

Учеството на Форумот во Давос, Министерот Димитров ќе го комплетира со средба со потсекретарот за политички прашања на Обединетите Нации, Џефри Фелтман.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија