А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Странски државјанки работеле како келнерки и танчерки во Тетово

by А1он28/07/2013 - 13:36201
Share0

Министерството за внатрешни работи во акциска контрола откри странски државјанки кои работеле како танчерки и келнерки во угостителски објекти во Тетово.

Следете a1on на Instagram Instagram

Полицијата денеска соопшти дека во  угостителските објекти „Бабилон“ затекнати се пет девојки од Србија, а во хотелот „Динамика“ пронајдена е една девојка, исто така од Србија, кај која се пронајдени 90.400 денари, 150 швајцарски франци и 80 евра. На рецепцијата во овој хотел пронајден е и еден пиштол марка „црвена застава-екол туна“ 8 мм со три куршуми без дозвола.

Во угостителскиот објект „Бабилон“ одземени се и кутии за пари-бакшиш со испишани имиња на девојките во кои имало околу 20.000 денари.

При полициската контрола извршени се и претреси во становите за кои постојат сознанија дека биле сместени странските државјанки, пронајдени се женски алишта, кутии од користени СИМ картички, потврди за трансфери за пари преку Вестерн Унион и околу 40.000 денари и 120 евра.

Следете a1on на Youtube YouTube

Утврдено е дека странските државјанки легално влегле во Македонија и против нив ќе биде изречена мерка забрана за влез во државата.

Полицијата продолжува да работи на целосно расветлување на случајот за што ќе бидат поднесени соодветни пријави.

mvrprostitucija

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он25/09/2026 - 15:20

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Катерина Ѓуровски21/09/2026 - 11:12

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он20/09/2026 - 13:16

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

Катерина Ѓуровски19/09/2026 - 16:21

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Катерина Ѓуровски17/09/2026 - 14:29

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он12/09/2026 - 11:25
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео