Странците притискаат да нема заеднички настап на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

Од:

Ситуацијата околу настапот на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со заедничка советничка листа на локалните избори за Струга станува се понеизвесна.

Според извори на А1, некои од странците акредитирани во Скопје притискале до ДИК, да не се прифати повлекување на листата за советници која претходно ВМРО-ДПМНЕ самостојно ја поднесе, а со тоа да не се дозволи и поднесување на заедничка листа меѓу двете партии.

Според ова не се исклучува можноста Македонците во Струга и да ги бојкотираат локалните избори, бидејки според доброупатени во заеднчкиот настап на македонските партии се гледа можноста за победа на кандидатот Македонец. Овие локални избори стружани ги сметаат како историски за Струга зашто заеднички настапуваат двете најголеми македонски партии.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?