Остатоци од кревети, апарати за дишење се останати од модуларната болница во Тетово по големиот пожар.
Пред државната болница има стотици граѓани кои учествувале во гаснењето на пожарот, а дел чекаат информации за нивните најблиски кои биле хоспитализирани во модуларната болница.
Во меѓувреме беше изнесено телото на еден од починатите пациенти по пожарот.
Сите приоди кон болницата се затворени, во градот има голем број полициски возила кои не дозволуваат пристап до болницата.
На терен е останато само едно противпожарно возило, а пожарот е комплетно изгаснат.
Се уште официјално не се соопштува колку има жртви.