На булеварот од Чаир кон мостот „Гоце Делчев“ во Центар се црвенееше албанското знаме на денешниот сеалбански марш на кој граѓаните Албанци побараа оставки од владината коалиција меѓу Груевски и Ахмети. Колоната се движеше од Чаир кон Центар извикувајќи пароли против владата и веејќи го албанското знаме.
Организаторите најавија дека протестот е ексклузивно албански за албанските граѓани да го покажат својот револт и незадоволство од актуелната Влада.
Тие имаат три барања: Оставка на владата на Груевски и Ахмети, расветлување на сите албански вистини и барање на нов договор за Македонија.
Последна дестинација на маршот е мостот „Гоце Делчев“, во близина на Владата, каде организаторите ќе одржат говори.