Стопирана градба на објект над Клинички центар, загрозена сигурноста на околните градби

Од:

Овластен градежен инспектор од општина Центар, по укажување на граѓаните дека поради законски недозволен широк ископ на земја во брдо е доведена во опасност стабилноста и безбедноста на жителите од куќите над Клинички центар, излезе на терен. По констатираната состојба, инспекторот донесе решение со кое му наредува на градителот Б.И. да ја прекине натамошната градба – широк ископ на земја во брдо, во рок од 15 дена.

Како што информираат од општината Центар, со ископот е загрозена сигурноста на околните градби и стабилноста на околното земјиште. Градбата треба да се усогласи со Законот за градење.

Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ поднесе барање за мислење до Институтот за сеизмолошки испитувања за да се утврди ситуацијата и да се најде решение за надминување на горливиот проблем на жителите на улицата Партение Зографски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар