Стопанската комора на Србија обезбеди 10.000 вакцини за бизнисмени и вработени од Македонија и земјите во регионот

Од:

Стопанската комора на Србија (ПКС), во соработка со Владата на Србија, ќе обезбеди 10.000 вакцини за бизнисмени и вработени од регионот, меѓу кои и од С. Македонија.

Претседател на ПКС, Марко Чадеж, по средбата со министерката за здравство на Црна Гора, д-р Јелена Боровиниќ Бојиќ, изјави дека викендов во Белград ќе се организира вакцинација за бизнисмени и нивни вработени од Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија, Албанија и Косово кои сакаат да се заштитат од Ковид-19, соопштија од ПКС.

-Ние сме еден регион, нашите економии се тесно поврзани и само заедно можеме да ја победиме оваа болест. ПКС досега организираше вакцинирање на голем број бизнисмени и работници, а сега сакаме да им помогнеме на нашите соседи да успеат да ги зачуваат своите економии, бидејќи само на овој начин целиот регион може да оди напред, изјави Чадеж, кој исто така е и претседател на УО на Коморискиот инвестициски форум за Западен Балкан.

Чадеж кажа дека постапката за имунизација на бизнисмените од регионот е крајно едноставна.

-Потребно е само компаниите од регионот да контактираат со своите стопански комори, кои во координација со Српската стопанска комора ќе организираат вакцинација во Белград, изјави Чадеж.

Црногорската министерка д-р Јелена Боровиниќ Бојиќ му се заблагодари на Чадеж за организирањето на имунизацијата на стопанствениците во регионот. Таа ги повика бизнисмените во Црна Гора, особено угостителите поради претстојната туристичка сезона, да контактираат со Стопанската комора на Црна Гора со цел да организираат вакцинација.

Стопанската комора на Македонија во рамки на Коморскиот инвестициски форум и воспоставената соработка со Стопанската комора на Србија, обезбедила можност за вакцинирање на претставници од компаниите-членови на органите и телата на Комората, а бесплатното вакцинирање ќе биде во Ниш, на 27-28 март (сабота и недела) со вакцините на АстраЗенека.

Би можело да ве интересира

Kараванот за вакцинирање против КОВИД-19 ќе трае уште два дена

А1он

Со СМС пораки ќе се повикуваат на вакцина невакцинираните и нецелосно вакцинираните кои имаат заболувања

Маја Илиевска-Пачемска

За помалку од 250 евра ќе се уништат 300.000 дози на вакцини против ковид, Сали: Не треба да се прави политика од ова

Кристијан Ландов

Владата ќе ги стимулира младите да се вакцинираат

А1он

Во Врање во 2021 година вакцинирани вкупно 26.689 македонски државјани

А1он

На почетокот од следната година Македонија ќе добие педијатриски дози од Фајзер за деца од 5 до 12 години

А1он