Стопанската делегација од Унгарија на средба со градоначалникот Талески

Од:

Стопанска делегација од Република Унгарија предводена од Атила Галамбош, денеска оствари средба со градоначалникот на општина Битола Владимир Талески, на која е договорен календар на активности за заедничка соработка.

Унгарската стопанска делегација се сретна и со Орбан Чаба технички директор во битолската фабрика на германската компанија „Кромберг и Шуберт“.

– Посетата во Битола е успешна и одлична затоа што добивме многу корисни информации околу можностите за инвестирање, како и проекти од сферата на туризмот. Сигурен сум дека тука ќе го пронајдеме нашиот заеднички интерес, посебно во индустрискиот парк за што на градоначалникот му најавивме голема посета со бизнисмени во текот на јули, посочи Галамбаш.

Според градоначалникот Талески, во индустриската зона „Жабени“, односно во фабриките што функционираат или се градат, до крајот на годината ќе бидат регистрирани илјада нови вработувања.

– Не случајно инвеститорите доаѓаат во Битола. Тоа е така затоа што нашата понуда ја презентираме и во странство како што неодамна беше во Германија, Турција и други држави, а наскоро ќе промовираме инвестиција од Австралија односно фабрика за пластични делови за автомобилската индустрија. Презентациите ќе зачестат со надеж дека нашите поволности за инвестирање ќе бидат препознаени и во други средини. Очекуваме до крајот на годината во индустриската зона да има нововработени лица чија бројка ќе надминува илјада вработени, посочи Талески.

На денешната средба во Битола беше најавено дека паралелно со развивањето на бизнис релациите, почесниот Конзулат на Република Унгарија во Република Македонија со седиште во овој град води преговори за збратимување на Битола со градот Солнок од Унгарија.

Би можело да ве интересира

Битолчани доцнат со еколошкиот план – отпадните води ги поплавија роковите

68-годишен беровчанец во хотел во Битола извршил полов напад врз 12-годишно девојче

Обвинителството бара притвор за тројца уапсени бомбаши од Битола, четвртиот засега е во бегство

Истражителите уапсија рекетар од Битола: Од познаник сакал да земе 2.000 евра

Горан Наумовски

Уапсени се насилниците кои од Швеѓанец земаа блузата на која имало исцртано глава на орел

Горан Наумовски

Маж од Австралија е пронајден починат во хотел во Битола