Стоматолози од јавно здравство давале услуги во приватни ординации

Од:

Тројца доктори стоматолози вработени во Универзитетскиот стоматолошки клинички центар „Свети Пантелејмон“ и еден професор вработен во Средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“ давале дополнителни услуги во приватни здравствени установи со што го прекршиле Законот за здравствена заштита.

Докторите се затекнати при вонредниот инспекциски надзор извршен во приватните здравствени установи „Импакта дентал“, „Д-р Јанкуловски“ и „Д-р Мила Јамакоска“. Сите три установи немале уредна документација за вршење здравствени услуги во дополнителната дејност.

Ординациите се затворени во времетраење од 30 дена, а ќе бидат преземени и сите потребни мерки за направените прекршоци од страна на здравствените работници и на установата.

– Освен затекнатите доктори, казни се предвидени и за приватните ординации каде тие работеле, кои според законските прописи треба да платат глоба од 4.000 до 6.000 евра заради вршење дополнителна дејност спротивно на законските прописи, информира денеска на прес-конференција директорот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат Ѓевѓез Шаќири.

Тој информира дека вчера до нив е пристигнат писмен допис од Универзитетскиот стоматолошки клинички центар дека затекнатите доктори немале склучено договор со ниту една од трите ординации за давање здравствени услуги како дополнителна дејност.

Од Инпекторатот појаснуваат дека има законска можност на овие доктори да им биде одземена и лиценцата за работа во времетраење од четири години или во траење што ќе го одреди Стоматолошката комора на Македонија.

Во „Инпакта дентал“ е затекната проф. д-р. Г.К. специјалист по стоматолошка протетика, додека во „Д-р Јанкуловски“ затекнати се проф. д-р Е.Ј, вработена во Стоматолошкиот клинички центар  и проф. д-р Д.Ј. вработен во средното медицинско училиште. Во „Д-р Мила Јамаковска“ фатен е доктор О.Ј. специјалист по стоматолошка протетика, сопруг на сопственичката на ординацијата.

За овие законски прекршувања ќе биде известена и Стоматолошката комора на Македонија.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава против полициски службеник за оддавање службена тајна

А1он

(ВИДЕО) Казна за возачот кој со автомобил возеше по тротоар на Бит Пазар

А1он

Возел автомобил со 1,52 промили алкохол, приведен 21-годишен кумановец

Фатени крадци во кругот на поранешен Тутунски комбинат – Куманово

МВР: Полицаец во станица му се заканувал на својот командир

Тепаната жена не сака да го тужи насилникот, случајот го пријавила мајка и, МВР поднесе пријава за „телесна повреда“

Катерина Ѓуровски