А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Столтенберг: Во јули официјална покана за Македонија, приемот ќе зависи од референдумот

by А1он25/06/2018 - 11:4726/06/2018 - 09:34275
Share0

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенеберг денеска изјави дека очекува лидерите на земјите членки на Алијансата на Самитот во јули да донесат одлука за официјално започнување на преговорите за полноправо членство на Македонија во НАТО.

Следете a1on на Instagram Instagram

Столтенберг очекува да биде постигната согласност Македонија да биде поканета во полноправно членство и да почнат пристапните преговори, но приемот на земјата ќе зависи од епилогот на Договорот со Грција односно неговото прифаќање на референдум.

– Очекувам шефовите на држави и влади да се договорат за пристапни преговори, потоа ќе можеме да ја поканиме ПЈР Македонија да стане полноправна членка доколку Договорот се финализира. Финализирање значи целосна ратификација, референдум и позитивно гласање, ако тоа се случи оптимист сум, повтори Столтенберг.

Столтенберг рече дека доколку Договорот за името не помине на референдум, тешко Македонија да добие покана за НАТО.

Следете a1on на Youtube YouTube

– Ако ПЈРМ го имеплементира и финализира Договорот со позитивно гласање тогаш НАТО ќе ја покани земјата да стане полноправно членка. Ова е историски Договор кој пружа историска прилика на ПЈРМ да стане членка, и ги повикувам луѓето во земјата да ја зграпчат оваа прилика и да го поддржат Договорот. Ако не се поддржи Договорот не гледам како е можно да се покани земјата. Ова е единствена прилика и треба да се зграпчи, рече Столтенберг.

Од НАТО за МИА појаснуваат дека генералниот секретар Столтенберг очекува „иницирање“ на пристапните преговори на претстојниот Самит на НАТО на 11 и 12 јули, но дека тие преговори „можат да бидат заокружени само откако ќе се финализира Договорот, вклучително и референдумот“, на кој, се разбира, треба да биде прифатен Договорот за името.

nato

Би можело да ве интересира

Москва е загрижена од плановите на НАТО

Горан Наумовски26/10/2026 - 14:21

НАТО стравува дека Трамп ќе ја принуди Украина на понижувачки мир со Русија

Катерина Ѓуровски21/10/2026 - 10:28

Литванија: НАТО итно подигна борбени авиони поради непознат објект

Горан Наумовски18/10/2026 - 07:51

Американски генерал: Путин игра опасна игра, но НАТО е многу помоќен од Русија

А1он16/10/2026 - 16:29

Москва: НАТО забрзано и стихијски се вооружува

Горан Наумовски14/10/2026 - 17:2014/10/2026 - 16:25

НАТО подготвува план за руски напад, дроновите вештачката интелигенцијаи треба да бидат првата линија на одбрана

Катерина Ѓуровски05/10/2026 - 16:02
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео