Столтенберг: Нема НАТО без промена на името

Од:

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг јасно стави на знаење дека само со промена името може Македонија да влезе во Алијансата.

-На луѓето во Македонија е да одлучат, ова е прилика што доаѓа еднаш во животот или ќе го поддржат договорот и ќе станат членки, или нема да го поддржат и нема да станат членки, не може двете работи да ги добијат. Нема зачленување без промена на името, на народот е да одлучи, истакна Столтенберг денеска на прес-конференцијата по првиот ден од Самитот на НАТО во Брисел.

– Го поздравувам Договорот со Грција, јасно кажавме дека ќе започнеме пристапни преговори и рековме дека еднаш откако ќе се финализираат процедурите ќе може ПЈРМ да стане 30-та членка со новото име, рече тој одговарајќи на новинарско прашање.

Би можело да ве интересира

САД се повлекува, Европа го презема кормилото на НАТО

Марк Руте: Мораме да им обезбедиме на Украинците сè за да ја продолжат борбата

А1он

Руте ѝ се заканува на Москва: Нападот врз Сувалкискиот коридор ќе предизвика остар одговор на НАТО

Медведев: Распадот на НАТО би бил корисен за целата планета

Маслеников: НАТО се подготвува за можен конфликт

„Продолжете да сонувате“: Шефот на НАТО вели дека Европа не може да се одбрани без помош од САД, особено од нуклеарен напад

Предраг Петровиќ