Столтенберг: Честитки Северна Македонија, добредојде во НАТО

Од:

Генералниот секретар на НАТО алијансата Јенс Столтенберг ја поздрави ратификацијата на Пристапниот протокол од шпанскиот Сенат и го честита членството на Северна Македонија.

– Шпанскиот Сенат го ратификуваше пристапниот Протокол за влез на Северна Македонија во НАТО. Со тоа сите сојузници и посакаа добредојде на идната 30-та земја членка. Честитки, Северна Македонија, објави на својот „Твитер“ профил Столтенберг.

Сенатот на Шпанија денеска на пленарна седница го ратификува Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО. Гласањето беше без физичко присуство на сенаторите, поради состојбата со коронавирусот во земјата.

Би можело да ве интересира

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Столтенберг ги повика земјите од НАТО да му ја дадат на Киев потребната муниција и противвоздушна одбрана

Столтенберг: Сите воени објекти во Русија се легитимни цели

Нордиските и балтичките земји ја поддржуваат улогата на НАТО во поддршката на Украина

Столтенберг: „Сојузот на авторитарни сили“ сè повеќе соработува против Западот