Столтенберг ѝ честита на Северна Македонија во НАТО за првата година како членка на НАТО

Од:

На денешниот министерски состанок за надворешни работи на НАТО, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, го честитал првиот роденден од членството на Северна Македонија во Алијансата.

-Многу сум горд што во петок го славиме првиот роденден од зачленувањето на Северна Македонија во НАТО и му честитав на министерот за надворешни работи денеска на состанокот, ова е добро за Северна Македонија и добро за сите сојузнички на НАТО, рече Столтенберг.

Тој се заблагодари за придонесот на македонските воени сили во операциите на Алијансата ширум светот и посебно во Авганистан.

-Се сретнав со војници од Северна Македонија во Авганистан, тие секогаш демонстрирале посветеност, храброст и професионалност во работата, рече шефот на Алијансата.

На прашање за коментар околу наводите дека некои официјални лица од Северна Македонија не добиле безбедносен сертификат за НАТО, генералниот секретар одби да коментира, но порача дека процедурите на ветинг во организацијата се строги.

-Процедурите на ветинг се секогаш многу важни за нас, тоа е затоа што е потребно да се осигуриме дека класифицираните документи се третираат правилно, ветинг процедурите се темел за размената на информации, а Северна Македонија е високо вреднуван сојузник, и членството на Северна Македонија е доказ дека вратите на НАТО остануваат отворени, изјави Столтенберг.т

Би можело да ве интересира

Путин издаде наредба: „Уништете го НАТО“

Предраг Петровиќ

Дрон влезе во воздужниот простор на Летонија, го соборија авиони на НАТО

Катерина Ѓуровски

Путин: НАТО го зголемува своето присуство во Пацификот, се зголемува потенцијалот за конфликт

Нинисто: Русија нема да го нападне НАТО

Кинески шпионски софтвер се шири низ целиот свет: Ги следи рутерите на НАТО

Горан Наумовски

Американските разузнавачи: Путин би можел да го нападне НАТО