Столиќ и Кираџиева победници на Поштенскиот маратон во Прилеп

Од:

Саша Столиќ од Србија и Весна Кираџиева од Скопје се победници од машка и женска конкуренција на вториот Поштенски маратон, кој утрово се одржа во градот Прилеп.

Зад Столиќ, кој истрча за време од 2:48:50, и Кираџиева со време од 3:20:47, второпласиран маратонец од машка конкуренција беше Александар Кираџиев 2:51:50, додека третопласиран Трпе Мартиноски со време од 3:16:39. Снежана Милошевиќ и Милјана Ристиќ беа второ и трето пласирани во женска конкуренција со време од 3:42:22, односно 3:47:33.

Увертира за почетокот на годинешното, второ по ред издание на Поштенскиот маратон беше Детската трка на 1 км. На патеката оваа година се одвиваа четири трки во неколку дисциплини: маратон од 42,195 метри, полумаратон од 21,097 метри и рекреативна трка од 5км на кои учествуваа повеќе од 200 натпреварувачи.

Би можело да ве интересира

Експресниот пат Прилеп-Градско е затворен за сообраќај

ВИДЕО: Како се одвивала целодневната драма во Прилеп која заврши трагично

Убиецот од Прилеп фрлил бомба и пукал кон полицијата

Катерина Ѓуровски

Ги убил внукот и неговиот син поради кавга за имот, детали за случајот во Прилеп

Катерина Ѓуровски

Двојно убиство и самоубиство во Прилеп

Катерина Ѓуровски

За труењето на 38 работници во прилепска фабрика Центарот за јавно здравје дознал по шест дена