Стојкова-Серафимовска: Коридорите ќе поминуваат низ територија преполна со археолошки наоѓалишта, што ќе се случи со нив?

Од:

„Овде имаме член од законот кој што остава многу простор за сомневање што ќе се случува со културното наследство на овие проекти, не проектирани туку замислени траси на кои што ќе градите автопати. Во законот за измени и надополнување на законот за културно наследство каде што имаше катастрофални предлози во однос на археолошкото наследство за среќа под притисок на јавноста се повлече тој закон. Но во предлог законот за урбанистичко планирање повторно се додале зборови кои што се однесуваат на археолошкото наследство но на никој не му е јасно што со тој член“, нагласи пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Велика Стојкова- Серафимовска на денешната собраниска седница.

Серафимовска на седницата праша што ќе се случи доколку на трасите на коридорите се најде археолошко наоѓалиште, локалитет или артефакти.

„Ве прашувам колеги вам од владејачкото мнозинство да ни објасните што значи овој член и што подразбира тоа и да ни кажете која ќе биде постапката доколку во измислените траси кои што ги кажувате, бидејќи не сме ги виделе, се најде некој артефакт археолошки локалитет, наоѓалиште и слично“, праша Серафимовска.

Серафимовска истакна дека коридорите ќе поминуваат низ територија на Македонија која е преполна со археолошки наоѓалишта, и праша што ќе се случи со археолошките наоѓалишта.

„Коридорите ќе поминуваат низ територија на Македонија за која што јас ви гарантирам дека ќе најдете археолошки наоѓалиште. Регионот на Пелагонија и регионот околу охридското езеро е преполн со археолошки локалитети. Ве прашувам што е стратешки интерес, дали „Хераклеа“ или „Стоби“ или нешто што може да се пронајде од такво значење стратешки интерес за Македонија“, истакна Серафимовска.

Би можело да ве интересира

Реџепи: Денеска за малку ќе бевме сведок на нов скандал од страна на претседателот на Собранието

Засега без јавно образложение е одложена денешната седница на Комисијата за контрола на АНБ

Горан Наумовски

Димаљ Баша е новиот претседател на косовското Собрание

13 кандидати за претседател на ДКСК

Собранието одлучи измените и дополнувањата на Изборниот законик да се носат во скратена постапка

Катерина Ѓуровски

Фатон Сељами предложен за нов Народен правобранител