Стојановски: Кумановци можат да останат без вода

Од:

Мирослав Стојановски од ВМРО ДПМНЕ, денеска на прес конференција рече дека ЈП Водовод од Куманово е пред колапс. Како виновник го посочи градоначалникот на општина Куманово Зоран Дамјановски.

ЈП Водовод Куманово, рече, должи 130 милиони денари. Предупреди дека кумановци можат да останат без вода

„СДСМ во континуитет раководи лошо со општината и јавните претпријатија. Владее непотизам, партиски вработувања и именувања на кадри, континуирано задолжување на општината и претпријатијата. Тоа се гледа и во раководниот кадар на претпријатието, откако најнапред директор на ЈП Водовод Куманово беше кумашинот на Зоран Дамјановски, Виктор Божиновски. По неговото очајно лошо работење во неколку годишниот мандат, на негово место СДСМ го поставија Горан Стојковски кој е син на поранешниот пратеник од СДСМ Благоја Стојковски. Ова е начинот на кој што СДСМ функционира и работи. Непотизам, партиски вработувања и именувања, задолжување на секој чекор или со еден збор недомаќинско работење“, обвини Стојановски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

Нападната е жена во старски дом во Куманово – заврши во болница

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал