(ВИДЕО) Стојановски: Кривична одговорност за надлежните кои потфрлија

Од:

Со едноминутно молчење, пратениците им оддадоа почит на загинатите во поплавите. Седницата е закажана на барање на советничката група на СДСМ и опозициските партии.

Благоја Стојановски од СДСМ, рече дека жртвите не можат да се вратат но може да им се помогне на оние кои трпат невидени штети.

– Денеска состојбата е тешка. Треба реконструкција на домовите која ќе трае со месеци. Сакаме итно, наредната недела да им се даде авансна помош на настраданите за да почнат да ги санираат домовите. Минимум 50 евра по метар квадратен од поплавена површина. Сумата која ја предвиде Владата е многу мала. Помош треба и за оние оние кои се занимаваат со земјоделство, рече Стојановски.

Недозволиво е, посочи, однесувањето на дел од надлежните нституции.

– Некои последици можеа да бидат спречени.Ако атмосферската вода на обиколницата се носеше како што треба, ќе имаше само поплава, но немаше да има жртви. Некој, не морална, туку кривична одговорност треба да понесе. Ова треба да ни биде поука. Клучно е инстуциите дека не функционираат. Постојат на хартија. Целта ни е да им помогнеме на луѓето, но сите кои направиле пропуст да одговараат, рече Стојановски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО