Стојановска: Укинувањето на царини за стоките од САД, не е само трговска одлука, туку и дипломатски чекор

Од:

Со новите измени и дополнувања на Законот за царински тарифи, Собранието ќе даде зелено светло на планот на Владата, да се намалат царински давачки на голем број суровини и репроматеријали што се користат во домашната индустрија и енергетика, рече денеска на прес-конференција пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојановска.

Таа соопшти дека списокот со околу 70 производи е составен на транспарентен и инклузивен начин, во соработка со Стопанската комора, а вклучува намалување до 50 проценти на царинските стапки кои важат во ЕУ, како и укинување на царините за увоз од САД.

– Овие измени ќе значат пониски трошоци за домашното производство, а со тоа, зголемена конкурентност на странските пазари, нови инвестиции и повеќе вработувања. Ќе значат и дополнителна усогласеност со европското законодавство, а со тоа и клучен чекор напред кон интеграција во Европската Унија. Укинувањето на царини за стоките со потекло од Соединетите Американски Држави пак, не е само трговска одлука, туку и дипломатски чекор, со кој што испраќаме сигнал за зголемена подготвеност за соработка со нашите стратешки партнери и поддршка за слободната трговија, рече Стојановска.

Како што дополни, со оваа законска измена македонските компании ќе станат поконкурентни, ќе се намалат цените за производство и ќе се зголеми и извозот со што директно ќе влијае на раст на економијата.

– Ова е само еден чекор од поширокиот План за економски раст. Клучна измена со која се посветуваме на економијата во пракса, а не само на хартија. Дел од стратегијата кој нуди издржани и применливи решенија, за подинамична економија и поефикасно домашно производство, наведе пратеничката Стојановска.

Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за Царинската тарифна, во второ читање завчера беше разгледан во собраниската Комисија за финансирање и буџет. Со него се предвидува да се изврши намалување на царинските стапки до 50 проценти од нивото на царинските стапки кои важат во Европската Унија, со што, според Владата, ќе се придонесе и за поголема усогласеност со Царинската тарифа на Европската Унија и во делот на царинските стапки, а притоа имајќи ги предвид и правилата на Светската Трговска Организација.

Со него треба да се намалат царинските стапки за поголем број на стоки, кои како суровини или репроматеријали се користат во домашните производствени капацитети, односно одделни производи (компоненти) потребни за производство на високо финални производи со цел да се зголеми извозната конкурентност на домашната индустрија. Исто така, со намалувањето на царинските стапки се очекува директно да се помогне во секторите на автомобилската, метало-преработувачката индустрија, металургијата и енергетиката.

– Со Предлогот закон ќе се изврши намалување на царинската стапка и за литиум јонски батерии за складирање на електрична енергија во секторот енергетика. Батериите стануваат клучен елемент во балансирањето на енергијата, системските услуги, како и во планирањето на предавањето во мрежа на енергијата од обновливи извори на енергија со цел одржување на стабилноста на системот, но и осигурување на физибилноста на обновливите проекти. Намалувањето на царинската стапка за литиум јонските батерии за складирање електрична енергија во секторот енергетика е од големо значење и важност и директно ќе помогне на компаниите во енергетскиот сектор, во насока на зголемување на своите капацитети, зголемување на извозната конкурентност, и се очекува зголемување на инвестициите и бројот на вработувањата, се наведува во образложението на Предлог законот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: Со доказите кои ги обезбеди МВР се докажа кој е виновен за трагедија во Кочани

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС може да молчат и да го потценуваат народот, но ОЈО не смее да молчи

ВМРО-ДПМНЕ: Има ли некој со здрав разум во СДС?

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ нема никаков проблем да поддржи една изборна единица

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче, Заев и Зобек Мининг креирале криминални шеми преку кои направиле милионски профити

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бејта: Муцунски и ВМРО-ДПМНЕ неуставно ја узурпираат и ја партизираат дипломатијата

Горан Наумовски