А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Стојаноски: ВМРО-ДПМНЕ работи за подбра сообраќајна инфраструктура

by А1он11/02/2017 - 13:1073
Share0

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот период активно и посветено работеше на подобрување на сообраќајната инфраструктура во државата, отпочнувајќи со реализација на патни решенија кои со децении во државата биле запоставувани и за кои некои претходни влади не изготвиле ниту проектна документација, рече денеска на прес-конференција Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.

Следете a1on на Instagram Instagram

Посочи дека во завршна фаза е изградбата на експресниот пат Велес-Штип до Кадрифаково во должина од 25,9 километри. Останато е поставувањето на сигнално сигурносни уреди на двата железнички премини и наскоро граѓаните од источна Македонија треба да имаат современо патно поврзување со коридорот 10.

Во наредните месеци треба да почне изградбата и на експресниот пат од Штип до Кочани кој ќе се реализира во две фази од Штип до Крупиште и втора фаза од Крупиште до Кочани со вкупна должина од 28 километри. Дополнително во текот на оваа 2017-та година се очекува отпочнување на реализација на 3 други експресни делници, за кои тендерската постапка е во тек или се чека одобрување. Во 2017-та година се очекува отпочнување на градба на експресен пат Штип–Радовиш во должина од 40 километри, експресен пат Ранковци-Крива Паланка во должина од 12,5 километри и фазна изградба на експресен пат од Градско преку Росоман до Дреново во должина од 33,5 километри. Со финализација само на овие делници во Македонија сообраќајната мрежа ќе биде подобрена за 140 километри експресни патишта, кои ќе придонесат за побрз и побезбеден сообраќај, подобрена стопанска комуникација и поголем локален развој, истакна Стојаноски.

Најави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи и во иднина да работи за подбра сообраќајна инфраструктура која, како што наведе, ќе значи не само подобра комуникација, туку поголема шанса за економски прогрес.

Следете a1on на Youtube YouTube
dpmne

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски25/10/2026 - 12:3625/10/2026 - 15:05

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски25/10/2026 - 12:2525/10/2026 - 15:04

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски19/10/2026 - 10:5019/10/2026 - 11:43

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски09/10/2026 - 14:41

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Катерина Ѓуровски30/09/2026 - 14:31

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Катерина Ѓуровски27/09/2026 - 12:04
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео