Стојаноски: Собранието ќе донесе закони за зголемување на животниот стандард на студентите и пензионерите

Од:

Во Собранието денеска реалност ќе станат три клучни закони. Решенија директно насочени кон зголемување на животниот стандард на студентите, пензионерите, како и целокупната економска активност и развој на Македонија, најави на прес-конференција пратеникот Бојан Стојаноски.

Стојаноски најави дека пратениците ќе го гласаат законот за дури 55.000 студенти да добијат 250 евра, неповратни средства, кои што ќе може да ги искористат за купување на таблет или лаптоп и рече дека оваа реформа која покрај тоа што ќе влијае врз по квалитетен и современ образовен процес, ќе придонесе кон зголемена еднаквост помеѓу студентите, како и кон поголема дигитализацијата на образовниот процес.

Во Собранието денеска се очекува да биде изгласан и законот со кој линеарно ќе се зголемат пензиите.

-Пензионерите да добијат дополнителни 2.000 денари на своите сметки. Чекор кон ветеното зголемување од 7.000 денари, односно дополнителни 14.000 денари за пензионерите во заедница. Конкретна поддршка за над 345.000 граѓани. Мерка која исто така ќе зададе силен удар врз нееднаквоста, но и ќе врати со зголемена финансиска стабилност за оние кои ја создаваа Македонија, рече Стојаноски.

Пратениците ќе гласаат и за законот кој ќе ја трансформира финансиската поддршка на инвестициите.

-Решение кое значајно ќе се спротивстави на финансиските злоупотреби во иднина, но и ќе ги насочи парите онаму каде што навистина се најпотребни, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ предлага корекција на платите на пратеници, судии и обвинители

Стојаноски: Да се намалат платите на функционерите за 200 евра, а кај некои од позициите и повеќе