Стојаноски: Лица кои до вчера Заев ги плаќаше преку тендери, од денес ќе ги плаќа со пари од граѓаните

Од:

Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ денеска во изјава за медиумите рече дека продолжувала целосната партизација и депрофеионализација на институциите и дека Заев ја претворал државата во партија, а паријата во држава.

– Поранешниот естраден менаџер Зоран Башановиќ или од скоро нов специјален економски советник на Зоран Заев, е човек познат по правење матни зделки, човек со сомнително минато и дебело криминално досие. После ангажирањето на естрадни уметници и сомнителни ликови, како Башановиќ, изминативе денови сведоци сме на ново назначување на советници во владата на Зоран Заев. Довчерашните политички аналитичари, активисти во граѓанскиот сектор и партиски војници повторно се најдоа на платениот список на Заев, рече Стојаноски.

Тој додаде дека јавноста била сведок за вработувањето на граѓанските активисти и политички и самопрогласен аналитичари Мерсел Биљали и Исмет Рамадани, кои според Стојаноски, до вчера биле на платниот список на Сорос, од денес на платен список на буџетот на Македонија.

– Гласноговорниците на СДС скриени за параванот на невладин сектор и аналитичари денес стана советници на Заев за подготовка анализа и извештаи неопходни за остварување на стратешките приоритети и определби за членство во НАТО и подготовка на анализи извештаи и мислења за унапредување на меѓуетничките односи. Советничко место во владата на Заев доби и Митко Андреевски, претседателот на партиската комисија на СДС за енергетика и личен пријател на Заев. Андреевски на јавноста и е познат по скандалозните тенедери кои тој ги добиваше од Струмица гас, преку неговата фирма Си Ен Џи Систeм. Воедно фирмата на пријателот на Заев беше регистрирана во куќата на родителите на сопругата на Андреевски и според официјалните информации фирмата имаше само еден вработен, а секојдневно добиваше тендери за снабдување на најскапиот гас во Македонија, рече Стојаноски.

Тој рече дека до вчера Заев овие лица ги плаќал преку тендери и со пари од Сорос, а од денес ќе ги плаќал со пари од граѓаните.

– Со поставувањето на ликови како Башановиќ, Андреевски, Рамадани и Биљали за советници на Зоран Заев се отвора огромен сомнеж дали новата влада ќе работи на подобрување на економската, енергетската и надворешната и политичката состојба или ќе работи на подобрувањето на економското портфолио на корпорациско-партиски фирми и луѓе, блиски до СДС. Граѓаните на Република Македонија од новата влада очекуваат чесна и одговорна работа. Привлекување на нови странски инвестиици, подобрување во енергетскиот сектор, отварање на нови работни места, а не да бидат загрижени дали некој нешто ќе украде или дали ќе има наместени тендери кои ќе бидат платени од нивни пари, заврши Стојаноски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на Венко Филипче шири лаги и хистерија

Горан Наумовски

Филипче го слави системот што го спаси од обвинение, велат од ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Лефков: Филипче во време на здравствена криза не мислел на пациентите, туку како да го наполни џебот

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчеше за загадената вода во Гостивар додека беше министер

Горан Наумовски

Левица: Честитки до ДПМНЕ – Македонија стана лидер во Европа и по случаи на западнонилска треска по глава на жител

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски