Стојаноски: Ќе поднесеме закон по итна постапка поради спречување и отстранување на поголеми нарушувања во стопанството

Од:

„Денес до Собранието на Република Македонија ќе поднесеме закон по итна постапка поради спречување и отстранување на поголеми нарушувања во стопанството. Законот кој го поднесуваме во итна постапка се однесува на намалување на акцизите за енергентите. Имено, бараме нашиот досегашен предлог повторно да биде разгледан од Собранието и конечно да биде усвоен за доброто на граѓаните и стопанството“, рече Бојан Стојаноски, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

„Моделот на Владата за намалување на акцизите е сложен и како што гледаме нема позначаен ефект. Во моментов акцизата за дизел и бензин горивата е намалена за само 1 денар. Намалувањето на акцизата не треба да биде врзано со движењето на цената на барелот, туку треба да е фиксно. Поради моделот на власта ја имаме моменталната ситуација на секојдневно заседавање на Регулаторна комисија за енергетика и гужви и недостиг на гориво на бензиските станици поради непредвидливост во поглед на цените на енергентите.
Токму затоа, бараме фиксно намалување за 50% на акцизите за дизел гориво и бензинот.

Дополнително, поради сериозното покачување на цените на метанот и автоплинот т.е. течен нафтен гас бараме целосно намалување на акцизата од 4,9 денари за овие енергенти.

Со овој наш предлог, литар дизел гориво веднаш ќе се намали за 9 денари, литар бензин ќе се намали за 12 денари, а метанот и плинот за 5,5 денари по литар.

Се надеваме дека власта ќе се вразуми и ќе го прифати нашиот предлог за намалување на акцизата со цел полесно справување со оваа криза.

Со нашиот предлог му помагаме на стопанството, а со тоа и на граѓаните. Само пониска акциза значи помош за транспортниот сектор, а со тоа и превенирање од повисоки цени на производите по маркетите, такси превозот, меѓуградскиот превоз и многу други сектори кои имаат транспортни трошоци“, изјави Бојан Стојаноски, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски