Стојаноски: Има пљачка од над 2 милијарди евра

Од:

Покрај 72 часовната работна недела власта има направено уште 2 работи кои се загрижувачки. За тие што ќе дојдат од страна да работата нема да има работна дозвола и дозвола за престој, изјави пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски на денешната собраниска седница.

„Ова е закон кој пред да биде донесен до овој момент не чини нас 53 милиони евра и плус 900-тини илјади евра секој месец до завршување на проектот“, рече Стојаноски.

Стојаноски додаде дека не постои по лицемерна политичка опција од СДСМ во историјата на Македонија, едно зборат вчера, а друго зборат денеска.

Тој додаде дека власта носат закони со европски знамиња за на некого да му направи профит.

„Ништо од тоа што го кажуваат работниците не сте го испочитувале, бегате од сите. Ги лажете и за плати и слугувате за нив за да ги излажете. Никаков економско социјален дијалог во оваа држава не постои“, изјави Стојаноски.

Стојаноски потенцираше дека власта бега од синдикатите, бега од соочување со јавноста

„Тие што го туркаат на брза лента проектот за коридорите ќе завршат пред лицето на правдата затоа што оваа пљачка што ќе биде над 2 милијарди евра пари од народот и во кои наредните 5 години ќе се одвојуваат по 250 милиони евра од буџетот за некој да ги краде ќе има одговорност“, истакна Стојаноски.

Би можело да ве интересира

Собранието изгласа Резолуција за осуда на опозициските манипулации и нелегалната миграција

Горан Наумовски

Собранието ги донесе измените на Законот за буџетите

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Катерина Ѓуровски

Предлог одлуката за разрешување на Коцевски пристигна во Собранието

Горан Наумовски

Собранието го донесе Буџетот за 2026 година

Се гонат само поранешни функционери, големите остануваат над законот, порачаа родителите на Комисијата за „Пулс“