Стојаноски и Ногачески ги презедоа градоначалничките функции во Охрид и Дебрца

Од:

Јован Стојаноски денеска и официјално ја презеде функцијата градоначалник на Охрид.

На Стојаноски му беше врачено уверението од страна на Општинската изборна комисија, а потоа тој и неговиот претходник Никола Бакрачески имаа средба и примопредавање на должноста.

На средбата биле разменети мислења околу функционирањето на Локалната самоуправа и клучните приоритети и проекти важни за развојот на општина Охрид.

На функција денеска стапи и градоначалникот на Општина Дебрца Зоран Ногачески, како и советниците одновиот состав на Советот на општината.

Ногачески веднаш по преземањето на должноста изјави дека ќе биде градоначалник за сите, а новата Локална самоуправа транспарентна, услужна, правична, отворена за сите граѓани.

Би можело да ве интересира

Скопјанка прегазена на улица во Охрид

А1он

Од 12 октомври „Безбеден град“ во Охрид, Дебар, Кичево и Струга

Земјотрес почувствуван утрово во Охрид и околината

Горан Наумовски

Несреќа кај Охрид: Возач загина откако со автомобил удри во кучиња и се запали

Горан Наумовски

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија