Стојаноски: Груби и Ковачевски ја избраа фирмата на Димитријевиќ, кој во Ерменија е обвинет за измама од 1.8 милиони долари, за надзор на Коридорите 8 и 10д

Од:

„Груби и Ковачевски се вплеткаа во сопствените лаги кои ги пласираа за да го оправдаат изборот на Конзорциумот ИРД-ЕПТИСА-Електра Солушн-Евро Консалтинг. Конзорциумот е целосно компромитиран и изборот треба да се поништи. Фирмата Евро Консалтинг е сопственост на Бранимир Димитријевиќ. И тој е сопственик во истата од нејзиното основање до денес, во ниту еден момент не излегол од истата“, рече Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

„Димитријевиќ е обвинет во Ерменија за криминал при надзор, се товари за измама од голем обем. Според информациите кои ги објавија медиумите тој е обвинет дека извршил измама во вредност од 1,8 милиони долари, како тим лидер на француско-шпанскиот конзорциум „Савеж-Ептиса“, кој вршел надзор на развојот и спроведувањето на проектот патен коридор Север – југ во периодот од 2009 до 2018 година.

Бранимир Димитријевиќ од Ерменија побегнал со помош на тројца македонски дипломати, кои со приватен авион и дипломатски пасоши во 2019 година го извлекле од Ерменија, по што е распишана меѓународна потерница.

Во 2019 година на власт во Македонија е СДС и ДУИ, истите партии кои сега му даваат бизнис од 22 милиони евра на Димитријевиќ, кој дипломати додека тие управуваат со институциите му помогнале на истиот да избега од правдата.

Сега Евро Консалтинг на Димитријевиќ, кој во Ерменија се гони за измама од 1.8 милиони долари при надзор на патем коридор, ќе го врши надзорот врз изградбата на Коридорите 8 и 10д, проект вреден над 1.3 милијарди евра. Истава фирма заедно со кинеската ЕПТИСА ќе има увид во технологијата на Американската Бехтел, во време кога државниот секретар на САД предупреди на кинеско подмитување за проекти каде се применуваат високи технологии.

Груби и Ковачевски со изборот на надзорот го ставаат во ризик и Бехтел и меѓународната репутација на Македонија. Затоа потребно е итно изборот да биде поништен и да се распише нов оглас, кој ќе обезбеди компетитивност помеѓу понудувачите и отвореност на постапката, без да биде загрозен националниот интерес, буџетот или репутацијата на државата“, изјави Бојан Стојаноски, пратеник.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски