Стојаноски: Електра Солушн дел од Конзорциумот со ЕПТИСА добива лиценца за надзор сред постапка за поднесување на понуди за тендерот тежок 22 милиони евра

Од:

„Се повеќе индиции говорат дека тендерот од 22 милиони евра е местен од страна на власта за Конзорциумот во чиј состав е ЕПТИСА, која е претходно прогласена од истата влада дека работела незаконски, неетички и несоодветно“, рече Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

„Најновите документи кои дојдоа до нас говорат дека Електра Солушнс, на 30 годишниот Андон Ампов, која е составен дел од Конзорциумот која го добива тендерот од 22 милиони евра, добива лиценца за надзор во тек на постапката за избор на надзор на изградбата на Коридорите 8 и 10д.

Ова е Лиценцата која Министерството за транспорт и врски и ја издава на Електра Солушн на ден 03.10.2022 година, што е 3 недели откако е распишан јавниот повик за избор на надзор на изградбата на Коридорите 8 и 10д.

Овој документ говори дека во периодот кога јавниот повик бил распишан Електра Солушн немала лиценца за надзор и истата лиценцата ја добива на само 2 недели пред истекот на првичниот рок за доставување на понудите, кој бил на 17.10.2022 година, рок кој што на 10.10.2022 година е продолжен за нови 8 дена.

Дали Електра Солушн ја вади лиценцата со цел да учествува токму на јавниот повик за избор на надзор на изградбата на Коридорите 8 и 10д? Дали рокот е продолжен за да може да се формира конзорциумот на ЕПТИСА и Електра Солушн? Дали со продолжување на рокот за поднесување на понуди власта им овозможува на Конзорциумот ЕПТИСА – Електра Солушн да достават понуди?

Со изборот на Конзорциумот ЕПТИСА – Електра Солушн, надзорот ќе го вршат фирма загубар, како ЕПТИСА и фирма која лиценцата за надзор ја добива во тек на огласот.

И не само што Електра Солушн добива лиценца во тек на постапката за поднесување на понуди, туку и истата, односно нејзиниот сопственик и управител Андон Ампов, се именувани да го претставуваат Конзорциумот.

30 годишниот Ампов од Електра Солушн, која добива лиценца во тек на постапка, и кои немаат никакво искуство во работење со проект од тој обем, е избран за претставник на Конзорциум кој треба да врши надзор од 22 милиони евра, врз инфраструктурни проекти од над 1 милијарда евра.

Очигледно е дека има многу прашања на кои Бочварски и Ковачевски мора да почнат да даваат одговори, а ЈО да почне истрага пред воопшто да почне проектот, и пред можеби да бидат нанесени штети врз проектот и буџетот“, изјави Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски