Стојаноска: Автопатите од Коридорот 8 и 10Д ќе си ги одобрат само „експертите“ од владата на Ковачевски без јавна дебата

Од:

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска на денешната собраниска седница на која се расправа за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање, истакна дека овој е закон со кој урбанистички проект ќе се одобри без претходно да се организира јавна дебата и јавна анкета, па автопатите од Коридорот 8 и 10Д ќе си ги одобрат само „експертите“ од владата на Ковачевски.

„Закон за урбанистичко планирање. Уште еден со кој сечија фантазија може да стане реалност само ако се додаде магичниот збор „стратешки проект“. И овде морам да допрецизирам и да разочарам, бидејќи не сечија мечта може да стане реалност, туку само онаа на владејачкото мнозинство. Овој е почитувана јавност закон со кој урбанистички проект ќе се одобри без претходно да се организира јавна дебата и јавна анкета. Едноставно автопатите од Коридорот 8 и 10Д ќе си ги одобрат само експертите или талентите од владата на Ковачевски. Овде ниту најповиканиот, а тоа е министерот за транспорт и врски не смее да се произнесе. Да не сме му во кожа. Овде на денешниот предлог на закон имаме приложено повторно празна коренсподентна табела за усогласување со европското законодавство, но сега истата замислете е само со потпис покрај кој нема име и презиме и нема ниту датум кога истата е потпишана. Можеме само да си замислуваме кој е потпишан и како овој документ е дозволиво да излезе од Владата и да влезе во Собрание, а без основните исполнети критериуми. Овој е предлог на закон кој не смее да започне да се разгледува, а не пак да помине на комисијата за европски прашања и сега да стаса и на пленарна. Затоа и вчера реков, ова стана земја беззаконија“, истакна Стојаноска.

Таа додаде дека ги запраша пратениците од владејачкото мнозинство како беше официјализиран почетокот на изградбата на Коридорот 8 кога премиерот Ковачевски и самиот призна дека нема основен проект.

„Ќе слушнам по некој од владејачките пратеници како неуспешно се обидуваат да го бранат овој криминал и велат дека и проектот за автопатот Кичево-Охрид бил без предвидени надвозници, клучки итн. Да ги запрашам како тогаш за овој автопат ја официјализираа започнатата изградба, а самиот Ковачевски призна дека нема основен проект. Па ќе слушнам и други сега веќе владејачки пратеници кои до вчера беа најхрабрите борци против криминалот и корупцијата како велат дека корупцијата била нормална работа и дека вистинитоста била поважна од точноста. Па отворете Википедиа, зборот вистинитост, првиот синоним ќе му биде точност“, потенцираше Стојаноска и додаде:

„Веќе не знаат што да изберат за одбрана на овој криминал, како долгогодишните борци за правда и за мир, така и тазе станатите владејачки пратеници. И едните и другите се фатија на истото оро сега, па пробуваат синхронизирано да пеат една иста песна, ама некако оркестарот не им е наштиман, па тој свири едни ноти, а овие играат по други“.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Повторно даден еден час пауза, собраниската седница за пратенички прашања треба да продолжи во 17:10 часот

Собранието ги усвои двата закони за заеми кај Светската банка