Стоилковски: Во време на криза само фирма блиска до СДСМ се јавила на тендери за 1.8 милиони евра

Од:

Во само два месеци „Државни патишта“ распишува два тендери за расчистување на одрони, еден на автопатот Штип – Миладиновци, и еден за патот Хамзали – Берово, тендери вредни 1.8 милиони евра, а за работа се јавила само една компанија. Компанијата „Стентон“ од Битола, којашто има тесни врски со СДСМ, и чијшто близок човек СДСМ го кандидираше на последните локални избори за градоначалник рече на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

-Како е можно во време на криза да има само една понуда од градежна фирма на тендер од милион евра од „Државни патишта“ за автопатот Миладиновци – Штип? Како е можно во време на криза да има само една понуда од градежна фирма на тендер од речиси 800.000 евра од „Државни патишта“ за расчистување на патот Хамзали – Берово? Како е можно во време на криза да има само една понуда од градежна фирма на тендер, и таа фирма да понуди речиси идентична сума колку што е проценето од „Државни патишта“? Македонија тоне во сиромаштија, тоне во кризи, тоне во двоцифрена инфлација, но на милионски тендери распишани од власта има само една заинтересирана компанија и таа е блиска до СДСМ. Овие тендери од „Државни патишта“ отвораат сомнеж и постои голема веројатност за изигрување на процедурите, фаворизирање на компанија и за истекување на информации поврзани со предтендерската и тендерската постапка вели Стоилковски.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела