Стоилковски: Во Скопје ништо не се гради, Шилегов реновира и доградува луксузна куќа од над 300 квадрати

Од:

Градоначалникот во заминување Петре Шилегов, на крајот од мандатот, додава уште дополнителен луксуз на неговата 306 квадрати луксузна куќа.
Во Скопје ништо не се изгради, ама Шилегов доби луксузно здание, викенд куќа на Маврово, а сега реновира и доградува луксузна куќа во Скопје од над 300 квадрати рече на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„Шилегов мандатот го завршува со имот од четири стана со вкупно речиси 300 квадрати, луксузна куќа во Скопје, и секако со луксузна викендичка на Маврово со која што Шилегов се поднови среде мандатот. Тоа што економијата во Македонија тоне, Скопје изгледа како буниште, тоа што ништо што вети не изгради, не значи дека Шилегов не знае што е градба и што е луксуз. Не ја изгради Треска, ниту ја изгради Универзална, Скопје не доби тунел под Кале, ниту нов Драмски театар. Ама затоа Шилегов луксузна викендица, уште еден луксуз од куќа, и прашање е дали е тоа се“ – вели Стоилковски.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ