Стоилковски: ВМРО-ДПМНЕ инсистира договорот од Владата за ангажирање на Џезаир Шаќири – Хоџа веднаш да биде раскинат!

Од:

„Министерството за внатрешни работи и министерството за одбрана не смеат да му даваат никакви информации на новиот Советник на Зоран Заев за безбедност и борба против радикализам.

Зоран Заев и Џезаир Шакири, таканаречен Командант Хоџа, може да се политички истомисленици и да имаат сличен начин на делување, но Хоџа никако не смее да дојде во допир со информации околу поставеноста на специјалните единици, бројноста и особено не смее да дојде во допир со податоци за припадниците на овие единици“, вели Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Секоја ваква информација до Хоџа со ваков тип на информации може да претставува сериозен ризик по безбедносните структури, исто како што се сомнителни и мотивите на информациите кои Хоџа би му ги давал на Заев.

Со какви информации за вооружени групи располага Хоџа и зошто досега ги криел од безбедносните органи? Каде е оружјето на групата која го „држела“ Танушевци пред тој да му го „ослободи“ на Заев и каде се нејзините членови? Истражните органи не смее да ги игнорираат овие јавни признанија на човекот кој што е на црната листа на САД. Тие мора да го повикаат на разговор и да поведат сериозна истрага.

Во ситуација во која што Хоџа не смее да добива информации од безбедносните служби, а неговите мотиви и информации мора да се земат со резерва, политичката одлука на Заев да му се даде вака висока функција на лице кое се барало со меѓународни потерници е невиден срам за државата бидејќи тој не може да придонесе за подобрување на безбедноста.

Македонската јавноста гласно негодува!

Нивните сопартијци и поддржувачи се бунтуваат за поставувањето на Џезаир Шаќири за советник за безбедност на премиерот!

ВМРО-ДПМНЕ укажуваше и предупредуваше!

Сега и Амбасадата на САД изразува загриженост!

Што повеќе треба за Оливер Спасовски и за Зоран Заев да увидат и разберат, што тоа е контроверзно во ангажирањето на Командант Хоџа на функција, која подразбира достапност до сите класифицирани документи што се однесуваат на безбедноста на државата?

ВМРО-ДПМНЕ инсистира договорот од Владата за ангажирање на Џезаир Шаќири да биде веднаш раскинат!

ВМРО-ДПМНЕ предупредува дека давањето на безбедносен сертификат и достапност до државните тајни на Џезаир Шаќири, алијас командант Хоџа, вон процедура – е кривично дело! Националниот комитет за борба против тероризам и насилен екстремизам мора да ги игнорира препораките на Хоџа и не смее да споделува информации со него.

Сето ова не може да се мине под закрила на некаква „ресоцијализација“. Дури и амбасадата на САД преку медиумите и соопшти на македонската јавност дека тие „ја изразиле својата загриженост до Владата на Република Македонија“ заради назначувањето на лица од нивната црна листа за советници. Црната листа е составена од лица непожелни во САД поради националната безбедност. Ако Џезаир Шаќири, командант Хоџа е ризичен за националната безбедност на САД, како може да биде советник за безбедност на Република Македонија?

Секое понатамошно инаетење на Заев значи потврда на неговата порака кон сите идни криминалци и екстремисти со која ги повикува да се судрат со државата за потоа да добијат функции во власта. Тоа е вистинската порака на Заев со ангажирањето на лице од американската црна листа, барано со меѓународна потерница и лице вмешано во убиство на полицаец – за свој советник за безбедност во власта!

ВМРО-ДПМНЕ инсистира до институциите веднаш да се отпочне со истрага за тоа каде е оружјето и кои биле соработниците на Командант Хоџа со кои, како тврди, го имал заземено Танушевци и потоа ослободувањето го „истргувал“ со Заев за функција во власта?

Ова понижување на државата, кое ги надминува нејзините граници, мора да запре. Државата и граѓаните заслужуваат подобро“, изјави Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Почнаа обвинувањата меѓу досегашните партнери: Тарaвари се интересирал за бизниси, Груби и Заев

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Филипче нема никави инвестиции, ниту имот во ОАЕ

Филипче да каже со која болница преговарал за да добие виза, бара ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ одржал партиски состанок во училиште во Струмица, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Манасиевски: Ако Филипче има златна виза од друга држава, тогаш како може да вели дека тој е иднината

Веќе нема да требаат сертификати за странски јазик за директори, ВМРО-ДПМНЕ менува закони по мерка на нивните неспособни членови, обвинува Левица

Катерина Ѓуровски