Стоилковски: Тендерот за мала хидроцентрала меѓу функционери од СДСМ во Неготино е незаконски, ДКСК да побара поништување

Од:

Во време на закажани избори, директорката на ЈП Комуналец Неготино, Марина Бојаџиева, функционер од СДСМ, распишува тендер за јавно приватно партнерство, што е спротивно на законот. Огласот е објавен истиот ден кога почнува предизборната кампања, 27 септември 2021 година рече на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

– На тендерот се јавува еден понудувач, семејната фирма на директорот на ТЕЦ Неготино и висок функционер во СДСМ, Небојша Стојановиќ. И наместо во име на транспарентноста и почитување на законитостите на јавните набавки да биде поништен тендерот, Бојаџиева од СДСМ ја прифаќа понудата од Стојановиќ од СДСМ, за изградба на мала хидроцентрала на системот за водоснабдување Лукар јавно приватно партнерство. Општина Неготино за сето ова има поднесок до ДКСК, каде што предметот е архивиран со дата 31.12.2021 година. Предметот е предаден на член на комисијата, а досега од ДКСК се уште немаат никакво известување. Според законот, рокот за информација за предмет е 60 дена. Календарски, рокот за предметот во ДКСК испратен од Општина Неготино, истекува денеска. А, информација нема. 60 дена изминуваат, а информација од таму што се случува по овој предмет нема, вели Стоилковски.

Д

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела