(ВИДЕО) Стоилковски: Стотици илјади евра за цвеќе и кафе на сметка на детски животи

Од:

„Секој владин функционер што има барем малку морал или етичност во него денеска ќе му преседнеше и кафето и цвеќињата и ќе побараше поништување на набавките вредни стотици илјади евра, откако вчера за многу помала сума беше загубен млад детски живот.

Власта живее во замислен паралелен универзум во кој што недостасуваат само цвеќиња и скапи кафиња, за комплетно да се ужива во животот што си го донесоа за себе“, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Поинаку и не може да се оцени фактот дека додека деца ги губат животите заради некаква штедливост во здравството, се двојат неверојатни 660 илјади евра за цвеќиња во владините дворови! Во тие дворови, ќе се пијат кафиња – еспреса и капучина од 45 илјади евра!

Токму така, власта распишува тендери – за хортикултурно одржување и уредување и за набавка на еспресо, филтер, и капучино кафе! Овие набавки се случуваат како надоврзување на набавките на риба, октоподи и морски плодови, апетисани, торти, жестоки пијалоци, цвеќињата на Димитров, во кои е научен да ужива кланот додека е на власт!

Кланот не е таму за решавање на проблемите на граѓаните, за подигнување на стандардот на работниците, за редовна исплата на плати на наставниците, за грижа за пласманот на родот на земјоделците, за подобрување на условите за здравствени корисници! Тие се во власта за уживање во луксузите врз грбот и судбината на граѓаните со распродажбата на националниот и државниот идентитет. Овие тендери за разубавување амбиентот за пиење на кафиња се случуваат само како последица на расипнички тендери во здравството, местените грантови од државните фондови за фирмите на партискиот клан, претворање на полицијата во МВР-ТУРС.

Почитувани, расипништво е зборот кој во себе го содржи севкупниот опис на оваа власт. Во време кога се прават непланирани, можеби и незаконски манипулации со буџетот кон референдумот, а меѓу другото и за трошоци за непланирани времени партиски вработувања, кога економијата тоне, а земјоделците се пред експлозија, во време кога здравството го води министер за крвави тендери, власта се грижи за цвеќиња и кафиња! Овие два расипнички тендери мора веднаш да бидат повлечени и поништени. Заев, Шекеринска, Кочо Анѓушев, Спасовски, Филипче и останатите членови на картелот на власт не заслужуваат цвеќиња и кафиња од 700.000 евра, додека деца починуваат чекајќи медицински третман.

Ваквото расипништво заслужува само едно – што поскоро да биде жестоко казнето!“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ не може да најде кандидат за градоначалник на Скопје, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Пожарите околу Скопје беа органзирана акција

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски ја уништи Кисела Вода, тој е избор на партиската олигархија на ДПМНЕ

ВИДЕО: Орце Ѓорѓиевски е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје

Катерина Ѓуровски

Мицевски: Кандидати на СДС за градоначалници се фатени во непотизам, криминал и корупција, од купување на гласови до вработување на сопруги

Шукова: ВМРО-ДПМНЕ ја урна куповната моќ – граѓаните се борат за еден оброк, власта се луксузира