Стоилковски: Сите приходи на фирмата на Шилегов не му го покриваат луксузот

Од:

Простата математика вели дека Петре Шилегов имотот го зголемил за речиси половина милион евра додека е тој градоначалник на Скопје. Тоа е несразмерен раст на луксузот на Петре Шилегов со неговите примања како градоначалник во овие четири години рече на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„Неговото адвокатско друштво, каде што не работи и со кое што не смее да има договор за консултантски услуги, 2019-та година ја завршува со само 5.000 евра добивка.Дури и сета остварена добивка за три години, 2018, 2019, и 2020-та година да завршила на сметка на луксузите на Петре Шилегов, сумата не може да ги покрие трошоците ниту за луксузните автомобили, коишто патем Петре Шилегов ги нема пријавено во антикорупциската комисија. Значи сите приходи на неговата фирма не можат да го покријат луксузот на Петре Шилегов за време на неговиот мандат“ – вели Стоилковски.

Би можело да ве интересира

Ние сме најдемократска партија, му одговори СДСМ на Шилегов

Шилегов: СДСМ е заробена партија, ја водат тезгароши

Стоилковски: Обвинителство наводно истражува заговор, власта и директорите на Хирургија се договараат

Стоилковски: Денеска е 14-ти ден на колапсот на Хирургија

Стоилковски: 12 директори и раководители на Хирургија збор не кажаа за колапсот

Стоилковски: На Хирургија изгаснати и компјутерите за томографија, а економскиот директор патува на Азурен брег