Стоилковски: „Паркинзи“ претворено во штаб на Демократскиот сојуз, вработени роднини на Павле Трајанов и Владимир Кроневски

Од:

„ЈП Градски паркинг со години било оставено како штаб на сателитот на СДСМ, Демократски сојуз на Павле Трајанов. Денеска повторно ќе се послужам со податоци од свиркачи, коишто точно потврдуваат дека власта е одлепена од реалноста, но и зошто Демократскиот Сојуз е верен партнер на СДСМ – ДУИ. Демократскиот Сојуз со години на подарок од СДСМ – ДУИ го имаше ЈП Градски паркинг, јавно претпријатие коешто било претворено во своевиден штаб на Демократскиот Сојуз, каде што се вработувале и се користеле привилегии, но и се тргувало со влијание“, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ова ЈП со пари од граѓаните ги вдомило речиси цело претседателство на Демократскиот сојуз, нивните роднини, деца, брачни партнери, па и внуци и други роднини.

За почеток, Владимир Кроневски, најчесто споменуваното име при аферата „бесплатен паркинг за функционери од власта“:

Кроневски е помошник директор, а е член на претседателството на Демократскиот сојуз. Таму е вработена сопругата на Кроневски, Катерина, како самостоен референт. Кумот на Кроневски, Дејан Лазаревски, советник од СДСМ во Карпош, и е вработен како стручен соработник. Кумашинката на Владимир Кроневски, Наташа, е вработена исто така во Градски паркинг.

Не останал покус ниту Павле Трајанов претседател на Демократскиот сојуз . Раководител на внатрешна контрола- роднина на Павле Трајанов- Даниел Ефтимов. Стручен Соработник за планирање, Ѓорѓи, братот на Даниел воедно роднина на Трајанов. Славчо Јованов, помлад референт, роднина на Павле Трајанов. Петар Василов, кумашин на Павле Трајанов. Филип Антовски, близок соработник на Павле Трајанов. И секако Славче Јовановски уште едно име од списокот за повластени неплаќачи на паркинг, односно луѓе кои што овозможувале функционери од власта да паркираат.

Почитувани листата е долга, листата на вработени високи функционери и роднини на Демократскиот сојуз на Павле Трајанов, исто како што е долга и листата на неплаќачи, повластени за паркирање во Скопје.

Демократскиот сојуз на Павле Трајанов, годините верност на СДСМ, ги наплатува од Вас, од паркирање, од буџет, а ЈП Градски паркинг го претвориле во своевиден партиски штаб, со привилегии за телефони, службени возила, трговија со влијание.

Почитувани, ова е веројатно најголемата причина што Павле Трајанов и Демократскиот сојуз се уште се нем привезок на СДСМ и ДУИ“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Митева: Филипче, Заев и Ковачевски свесно ја втурнаа Македонија во црно сценарио, да биде оставена сама на Балканот и неинтегрирана

Митева: СДС и ДУИ го донеле буџетот во опасност од Арбитражни побарувања од 1.3 милијарди евра

Со добра координација ќе се надмине овој „ситен проблем“ порача Таравари по превирањата за Законот за бранителите

Митева: Владата на СДС и ДУИ поделила 100 милиони евра без јасни критерими констатира ДЗР, тоа се пари безмалку доволни за изградба на Клиничкиот во Скопје

Петрушевски: Додека владата должела 50 милиони за субвенции на земјоделците, Николовски плаќал хотелски соби од неколку стотина евра

Катерина Ѓуровски

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ побараа членовите на Советот на јавни обвинители да поднесат оставки