Стоилковски: Обвинителството да почне истрага за злоупотреби на буџет во партиски цели на СДСМ

Од:

„Од тука, пред Републичко Јавно Обвинителство го потсетуваме републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески дека и според функцијата и според дадената заклетва Е ДОЛЖЕН да ги надмине моментите на лично познанство и лична соработка со Темелко Ристески и Е ДОЛЖЕН да отвори сериозна и опсежна истрага за злоупотреба на Буџетот и за злоупотреба на МО во партиски и изборни цели“, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Фактот дека Јовески и Ристески се соработници во Комисијата за помилување осудени и затворени лица, не го менува фактот дека е направена злоупотреба од МО, злоупотреба на Буџетот, а доколку ЈО не покрене истрага, можна е и злоупотреба на ЈО коешто со непокренување на истрага станува соучесник во делото.

Темелко Ристески ја призна автентичноста на Извештајот за извршени задачи во кои наведува партиска агитација и партиска активност во предизборие во корист на коалиција предводена од СДСМ! Тоа е уште еден огромен срам предизвикан од СДСМ и за МО и за државата!

Активностите на Темелко Ристески се платени со над половина милион денари, 580 илјади денари за тоа што го навел во извештајот!

Јовески мора да се издигне над состојбата и да престане со молкот додека Македонија тоне во криминал, корупција и партизација. Постојат сериозни индиции дека Темелко Ристевски не е единствен случај во МО, како и индиции дека вакви злоупотреби се правени и во други министерства и владини институции. Впрочем ова се надоврзува на истрагата за Авторските договори и генералните секретари на владата, како и фактот за над 30 илјади вработувања во администрацијата предводена од СДСМ/ДУИ. Премногу е! Македонија не може вака да продолжи. Потребна е одговорност и таа ќе ја има!“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Митева: Филипче, Заев и Ковачевски свесно ја втурнаа Македонија во црно сценарио, да биде оставена сама на Балканот и неинтегрирана

Митева: СДС и ДУИ го донеле буџетот во опасност од Арбитражни побарувања од 1.3 милијарди евра

Со добра координација ќе се надмине овој „ситен проблем“ порача Таравари по превирањата за Законот за бранителите

Митева: Владата на СДС и ДУИ поделила 100 милиони евра без јасни критерими констатира ДЗР, тоа се пари безмалку доволни за изградба на Клиничкиот во Скопје

Петрушевски: Додека владата должела 50 милиони за субвенции на земјоделците, Николовски плаќал хотелски соби од неколку стотина евра

Катерина Ѓуровски

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ побараа членовите на Советот на јавни обвинители да поднесат оставки