Стоилковски: Наместо со семејствата на загинатите херои, Заев вчера отиде на Косово, чија влада ги помогна семејствата на терористите

Од:

Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција рече дека ангажманот на Џезаир Шаќири – Хоџа на висока функција во Владата е срам и понижување и за државата и за граѓаните, а особено за припадниците на безбедносните сили.

– Денес се навршуваат три години од крвавата битка на македонските безбедносни сили со терористичката група во кумановската населба „Тоде Мендол“. Македонија во таа битка во Диво Насеље загуби 8 полициски животи, а ранети беа 37 полициски службеници. Сеќавањата на 9 и 10 мај се врежани во колективната меморија на државата. Тие сеќавањата се болни. Но, уште поболно е што, денес Советникот за безбедност на премиерот, Џезаир Шаќири, познат како Командант Хоџа, поставен токму од Зоран Заев, ги слави своите другари терористи и вели дека е горд што тие „елиминирале 10 отсто од најсилната полициска единица во Македонија“, рече Стоилковски.

Тој додаде дека Заев за свој советник за безбедност и борба со екстремизмот поставува човек кој го слави тероризмот и радикализмот.

– За свој советник именува човек кој ги слави токму екстремистите кои убиваа полициски службеници. Советникот на Заев ги слави оние кои беа подготвувани за урбан тероризам со многу цивилни жртви. Зоран Заев вчера ги понижи и полициските специјалци, прославувајќи го еден од најтажните денови во новата македонска историја заедно со Рамуш Харадинај на Косово. Наместо да биде со семејствата на загинатите херои, Заев отиде на 9 мај на Косово чија што влада финансиски ги помогна семејствата на терористите кои убиваа во Диво Насеље. Зоран Заев не смее со било какви измислици за меѓународни истраги да се обидува да ги ослободи терористите. Зоран Заев не смее да плаќа со пари на граѓаните советници кои ликуваат на погибијата на македонските херои. Ова лудило мора да запре. Договорот за ангажирање на Џезаир Шаќири Хоџа за советник мора да биде раскинат, рече Стоилковски.

Би можело да ве интересира

Ангелова: Опозицијата шири лаги, инфлацијата во државата се стабилизира

ВМРО-ДПМНЕ: ЕСМ бил партиски плен на СДС и ДУИ, два милиони евра се „испрани“ преку тендер

ВМРО-ДПМНЕ: Лага е дека се суспендирани средствата од ИПАРД програмата

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС можете да најдете буквално сѐ што не може на друго место

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Горан Наумовски