Стоилковски: Наместо да ги казнат, ДУИ и СДС ќе ги наградат дивоградбите

Од:

Артан Груби и неговата резерва Димитар Ковачевски потпишаа штетен договор врз основа на непостоечки закони и го кријат затоа што се обврзале дека ќе плаќаат пенали доколку не направат законски измени со коишто беззаконието ќе се изедначи со законското рече на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

– Согласно законските измени заради договорот на Груби и резервата Ковачевски, нелегалните објекти на трасата за определени автопати за државата ќе вредат еднакво колку и оние градени согласно закон и дозвола. Дивоградбите на трасата на автопатите согласно договорот на Груби државата би требало да ги обештети со иста пазарна вредност како и легалните градби. Тоа значи дека оние што ваделе документи, плаќале определени лиценцирани фирми за проекти, за надзор, за изведување, плаќале тарифи на лиценцирани геодетски фирми, оние што плаќале документи, изводи, барања, оние што почитувале закон за градење, плаќале комуналии и ваделе дозволи за градба- сега се изедначуваат со оние коишто градат на диво! Со евентуално донесување на закон за изедначување на беззаконието со законското ќе предизвика правен преседан со последици како брутално непочитување и на законот за легализација и на законот за градба. Најпросто кажано, зошто ваков закон за изедначување на дивоградбите со легалните градби би важел во еден случај, а не постојано? И зошто понатаму би се почитувале ГУП, ДУП, урбанистичка планска документација, би се почитувале археолошки локалитети, национални шуми, би се почитувале трансформација на земјиште од земјоделско во градежно, би се почитувале се она што државата со закон го пропишала вели Стоилковски.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: СДС останаа последното упориште на Артан Груби

ВРЕДИ: ДУИ го губи компасот, во забуна не знае што прави, кого напаѓа, а кого го брани

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да си ја гледа соработката со ДУИ и да каже зошто го пушти Груби да избега

Лефков: Филипче и СДС сега глумат декларативно оградување од ДУИ, а треба јавно да кажат зошто дозволиле Груби да ги краде народните пари

Петрушевски: СДС да се охрабри да ја признае својата сервилност кон ДУИ, и за тоа да се извини на граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ: Со молчењето за скандалите и криминалите на Артан Груби за да останат подолго на власт, СДС се негови соучесници