Стоилковски: Ковачевски се повикува на непостоечки изјави од Софија

Од:

Јавноста и денеска е покуса за информацијата каде летува Димитар Ковачевски и од кога е заминат во странство, имајќи предвид дека е објавено интервју со него кое што не кореспондира со реалноста и актуелните случувања.Да бевме малициозни ќе прашавме дали интервјуто е резултат на изложеност на сонце или место Ковачевски одговарал Артан Груби рече на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

– Пораките на Ковачевски во последното интервју се несериозни и не може да се врзат со реалноста. Ковачевски се повикува на непостоечки изјави од Софија дека, како вели, нема нови услови. Истовремено, нема осуда за пораките за 2-ри Август од Софија.Имено и бугарскиот претседател Радев и бугарскиот премиерот Денков, Илинденското востание го декларираа како бугарско, чија крајна цел била присоединување на Македонија кон Бугарија. Ова е историска невистина, претставува директно негирање на македонскиот идентитет и темелот на македонската државност, но и патоказ за бугарското делување во иднина. Ковачевски ова го премолчи во интервјуто и нема ниту збор за него. Јасно е дека Бугарија е подготвена преку протоколите и преговарањето за заедничката историја да го смени целосно наративот на македонската историја и државност и истото да го претвори во услов за нашето напредување кон Европа. Ковачевски ова го прифати, па сега бара национален консензус, рече Стоилковски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина