Стоилковски: Хоџа тврдеше дека Верушевски стои зад случајот „Сопот“

Од:

Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција рече дека Заев ја посрамотил Македонија со доделување на висока функција на Џезаир Шаќири – Хоџа.

– Како што самиот кажа, Заев имал голема доверба во командантот Хоџа, заради неговите компетенции на терен! Зад одлуката на Заев да го именува Хоџа за советник за безбедност застанаа и министрите Оливер Спасовски и Радмила Шекеринска. Тие не гледаа ништо контроверзно во именувањето на Хоџа. Голем дел од пратениците и функционерите на СДСМ му го честитаа изборот нарекувајќи го Командант на Владата. Истиот Хоџа, пред да биде именуван во Владата излегуваше со сериозни тврдења дека друг, сега актуелен советник на Зоран Заев, стои зад случајот „Сопот“. Како виновник за „Сопот“ Хоџа го посочи советникот за национална безбедност во Владата, Зоран Верушевски. Според информациите на советникот Хоџа, советникот Верушевски во тоа време учествувал во организирање на терористички акти со подметнување на бомби во кои загинале цивили, припадници на македонската армија, па дури и НАТО војници. Погледнете и слушнете што зборува Хоџа во медиумите, не толку одамна пред да биде именуван од Заев, рече Стоилковски.

Тој додаде дека во 2003 година двајца припадници на полскиот контигент на НАТО и едно цивилно лице загинаа, а двајца преведувачи беа повредени во експлозија на локалниот пат Сушево – Сопот.

– Тоа предизвика тензии на безбедносен и меѓуетнички план. Во 2010-та година се слушна пресудата за „Сопот“, 11 жители на селото беа прогласени за виновни и осудени на вкупна казна од 150 години затвор. СЈО на Катица Јанева во 2016 година го побара случајот „Сопот“ во своја надлежност, по што се откажа од гонење на обвинетите за тероризам, бидејќи немало доволно докази и тие беа ослободени од затвор. Државните институции сега за ова сведочење мора да поведат истрага за наводите на Хоџа, особено заради тоа што истиот имаше целосна доверба од Заев кој и самиот тврдеше дека Хоџа добро го владеел теренот и имал веродостојни информации, рече Стоилковски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер