Стоилковски: Дали едно од огласените три места за ЈО во Гостивар е резервирано за Барлет Џафери, синот на Талат Џафери?

Од:

„Советот за јавни обвинители мора да одговори дали едно од огласените три места за јавен обвинител во Гостивар е резервирано за Барлет Џафери, синот на Талат Џафери“, прашува Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Согласно огласот од втори март, Советот бара Јавни обвинители за повеќе основни јавни обвинителства, меѓу нив и за Гостивар каде се бараат тројца. Наведено е дека покрај законските условите од Законот за јавно обвинителство, за јавен обвинител во основно јавно обвинителство може да биде избрано лице кое има завршено обука утврдена со Законот за Академија за судии и јавни обвинители.

Почитувани, Синот на Талат Џафери е објавената листа на завршниот испит во Академијата, и иако не е расчистен случајот како тоа полагал правосуден испит пред воопшто да дипломира, сега се верува дека ќе биде еден од тројцата новопримени во гостиварското јавно обвинителство.

ДКСК не даде конкретен одговор, како е можно да се полага правосуден испит предвреме, ниту пак се отвори предмет за тоа, а нема одговори ниту дали е точно дека, цитирам медиуми, „Џафери добил право да го полага правосудниот испит со дискрециона одлука на тогашниот министер Аднан Јашари“, затворен цитат?

Дали сега и вработувањето и изборот на Барлет Џафери ќе биде нечија дискрециона одлука?

Затоа, повторувам, Советот за јавни обвинители мора да одговори дали едно од огласените три места за јавен обвинител во Гостивар е резервирано за Барлет Џафери, синот на Талат Џафери?

Во време кога довербата во правосудството е на минимум, криминалот и корупцијата цветаат, а наместо право и правда, судско обвинителскиот систем го тресат скандали, од изборот на Ислам Абази, преку изборот на Весна Дамева во Судскиот совет, до делење на места во правниот систем по принцип на наследство и партиска моќ. Со евентуален избор на лице со низа скандали зад себе, како Барлет Џафери, за јавен обвинител во Гостивар, Советот директно ќе учествува во пад на довербата во судството“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски