Стоилковски: Дали е нормално директор на БЈБ да биде во блиски врски со човек којшто пука, тепа и насилно попречува изборен процес?

Од:

„Македонија тоне во насилен криминал и хаос затоа што институциите шуруваат со криминалот! Ве повикувам да погледнете едно видео. Ова е Самед Мисини од Ласкарци, во Јули 2022 година, кога испукува најмалку една цела рамка од огнено оружје! Ова пукањето е кривично дело член 396 став 2“, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Покрај пукањето, Мисини се поврзува и со насилство против изборите за бркање на гласачи и набљудувачи во Ласкарци, како и со напад и тепање на бизнисмен во кабинетот на Шилегов веднаш по локалните избори, кога при полициска интервенција пронајдено е и оружје. Секако, нема казна за Мисини

Мисини е бизнисмен, градежник, добитник на тендери од Скопје под Шилегов, а до сега иако има повеќе документи за дела во полицијата, никогаш ништо не е реализирано.

За кривичното дело, што го видовте, има оперативен извештај до Единица за недозволена трговија, но не се преземени никакви оперативни мерки. Нема претрес, нема барање на оружјето, нема казна.

Причина за неказнувањето е што главен гостин и сведок на пукањето, во случајот свадба кај Мисини, е директорот на БЈБ Сашо Тасевски со семејството.

Нема јасна поделба помеѓу тој што треба да го гони криминалот и да биде ортак со него! Оттука, Оливер Спасовски и Сашо Тасевски, мора да одговорат:

Дали е нормално наместо Мисини за случајот да бидат казнети полицајци? Дали е нормално вакво пукање да се случува пред очи на директор на БЈБ? Дали е нормално директор на БЈБ да биде во блиски пријателски семејни врски со човек којшто пука, тепа, и насилно попречува изборен процес? Дали неказнивоста на овој човек се спроведува преку началникот на крим полиција Музафер Каришиќ?

Колку пати Мисини бил гостин во полицијата во кабинетот на Тасевски? Но, и кога Тасевски ќе го пријави до ДКСК станот во којшто живее од пред нова година, стан во една од зградите изградени од Мисини?

Почитувани, наместо да се гони криминалот, институциите со СДС и ДУИ шуруваат со него. Оној што треба да го гони криминалот влегува во ортачки однос со него!

Скопје и Македонија се претворени во држава каде што царува криминал, насилства, убиства и мафијашки пресметки. Се додека оние што шуруваат со криминалот се на власт, Македонија ќе продолжи да тоне!“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела