Стоилковиќ: Собранието како сточен пазар

Од:

Пратеникот од Демократската партија на Србите, Иван Стоилковиќ на неговиот Фејсбук напиша дека Собранието е како сточен пазар.

За денеска е закажана собраниската седница за уставните измени, меѓутоа таа се уште не е започната.

Антионо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција го повика претседателот на Собранието, Талат Џафери веднаш да пристапи кон гласање за уставните измени, со цел да се види дали е собрано двотретинско мнозинство за гласање на уставните измени.

Пратеникот Ферид Мухиќ претходно изјави дека доколку е обезбедено двотретинско мнозинство ќе се гласа, а доколку не се собере гласањето нема да се случи денес.

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска